Во тек е асфалтирањето на првиот асфалтен слој на сообраќајниците во новата Индустриска зона „Новини и Речица“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Активно се работи и на целосна реконструкција на улицата „Индустриска“. Во моментов се врши гребење на стариот асфалтен слој и поставување на бетонски рабници, информираат надлежните.