Во тек се активности за крпење на ударни дупки и прокопи на повеќе локации на територијата на Општина Куманово, информираат надлежните. Активности се спроведуваат во село Тромеѓа, локалитет Стари лозја, како и крстосницата помеѓу улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“.
„Продолжуваме со активности за санирање на оштетувањата на коловозите за побезбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.