Се поставуваат новогодишните украси во централното подрачје. По две години Куманово повторно ќе светне во новогодишно руво. Годинава општината ќе украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години.
За оваа цел Советот на Општина Куманово претходно изгласа измена на програмата за работа на јавното претпријатие Куманово Паркинг, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари. Изминатите години се трошеле околу 2,5 милиони денари за украсување, по што фирмите ангажирани за поставување на украси потоа си ги земаа назад бидејќи се нивна соственост. Затоа оваа година ќе се додадат уште половина милион денари и за сума од три милиони денари тие украси сама ќе ги набави општината, а монтирањето и демонтирањето, како и трошокот за осветлување ќе одат на сметката на компанијата партнер за јавно осветлување на градот.