Почна тампонирање на неколку улици во кумановското село Тромеѓа. Претходно заврши тампонирањето во неколку приградски населби и села како што е Четирце, Проевце. Во следниот период во зависност од временските услови ќе продолжиме и во други населени места, информираат од општината.
Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско.
Во село, Тромеѓа претходно почна изградбата и на фекална канализациска мрежа. Мрежата се гради од почетокот на влезот на селото, механизацијата на избраната компанија веќе е на терен. За изградба на мрежата од општинскиот буџет одвоени се одвоени се 818.904.78 денари.