Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која ќе се расправа за давање согласност на годишните планови за вработување во основните училишта за 2027 година, но и за предлозите за зголемување на цените на услугите на ЈП „Чистота и зеленило“ и за задолжување на Општина Куманово со кредит во износ од 100 милиони денари.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус, со почеток во 10 часот.