Вчера во 15.05 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, на место викано „Пашина воденица“, кривопаланечко, патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од 36 годишно лице од село Мала Црцорија, кривопаланечко, удрило во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 47годишно лице од селоТимјаник, неготинско,
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од патничкото возило, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.