Советниците на СДСМ и Коалицијата испратија соопштение до медиумите во врска со прекинетата седумнаесетта седница на Советот на Општина Куманово.
Во соопштението се вели:
Денес, беше прекината седумнаесетта седница на Советот на Општина Куманово, во моментот кога требаше да се гласаат програмите на основните и средните училишта во Општина Куманово.
Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска го образложи прекинувањето на седницата со немање на кворум, што не е точно, кворум имаше како што имаше и коалициско несогласување во мнозинството.
Поради дилентатизам во водење на градот од страна на мнозинството, утре основните и средните училишта ќе ја започнат учебната година без усвоени програми и извештаи за работа.
Кога личниот и партискиот интерест е над општиот граѓански интерест, иселувањето на граѓаните ќе продолжи а со тоа и намалување на бројот на децата.
Срамно е мнозинството со своите недоразбирања во коалицијата во време кога општината уназадува а образовниот процес е пред сериозен испит, поради политичка трговија целиот град да бидне заложник а посебно училиштата.
Дали овие несогласувања и во иднина ќе го креираат општествениот амбиент во Куманово, дали оваа коалиција воопшто мисли на граѓаните? – се наведува во соопштението.