Во салата на Општина Куманово денеска се одржа состанок помеѓу претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, координаторите на советничките листи и претставници на граѓани кои работеле во странство (Авганистан и Ирак), објави Општина Куманово.
Според објавата, претседателката на Советот и советниците ги запознале засегнатите граѓани со ингеренциите на Советот, како орган на локалната самоуправа, а од страна на засегнатите граѓани биле претставени проблемите и барањата до советниците. Присутните ја оцениле работната средба како контруктивна. Претседателката и координаторите искажале поддршка за решавање на нивниот проблем, во рамки на надлежностите на Советот.
Во ист состав закажана е повторна средба во понеделник (01.02.2026 г.).