Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември.
Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните режиски трошоци 6.338 денари.
Поради зголемените трошоци на живот, ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за што во следниот период најавува протести.