Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 9 часот ќе ја започне блокадата на Собранието, чија цел е зголемување на минималната плата на 600 евра и на останатите плати за околу 6.000 денари.
Од ССМ најавија дека ќе бидат блокирани улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“ пред зградата на Собранието, како и дека ќе биде овозможено непречено движење на возилата на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и на полицијата.