МВР информира дека вчера во полициската станица Куманово бил извршен службен разговор со 11 лица од општина Липково во врска со физичка пресметка што се случила околу 13.15 часот во спортската сала на средното општинско училиште „Перо Наков“ , по завршувањето на фудбалски натпревар помеѓу ученици од две средни училишта од општина Липково и општина Куманово. Според пријавеното, физичката пресметка започнала по завршување на натпреварот помеѓу членови на двете екипи, по што се вклучиле и повеќе лица од публиката.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.