Во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека вчера по 22 часот на регионалниот пат Куманово-Општина Липково, атар на село Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.М.(22 години) од село Оризаре-општина Липково и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(27 години) од село Отља, липковско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „ауди“, С.И.(21 години) од Липково, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.