Во Куманово и Крива Паланка викендов се одржа 11-то издание на Малински фото фестивал во организација на Фото клуб „Куманово”. Меѓународниот фото фестивал под наслов „ Патување на визуелни наративи“ ги обединува авторите на фотографијата, љубителите на уметноста и публиката, преку изложби, проекции, средби и дружења, создавајќи уникатна сцена, каде фотографијата зборува искрено, силно, универзално и автентично.
Во рамките на тридневниот фестивал се реализираа 10 тематски настани, со вкупно 30 излагачи.
Присутните на отворањето ја проследија самостојната изложба на Виктор Трајковски, фото проекциите на автори од Македонија, Србија, Бугарија и Турција и промоцијата на книгата „Во контра светло” на Зоран Ѓорѓевиќ.
Малински фото фестивал е поддржан од Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам на РСМ.