Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме следните настани:
Сообраќајна незгода во Куманово, тројца повредени.
Утрово околу 03 часот и 15 минути во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с.Пчиња, во близина на местото викано „Менкова колиба“, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 21- годишен кумановец излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на возраст од 23 години, додека со телесни повреди се здобиле возачот и другиот сопатник на возраст од 20 години, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово, соопштија надлежните.
38-годишна кумановка вчеравечер во 22 часот и 45 минути пријавила во СВР Куманово дека во казино на улицата „Борис Кидрич“ била физички нападната од вработен како обезбедување во казиното, кој е на возраст од 30 години. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.