Во организација на основното општинско училиште „Карпош” од кумановското село Умин Дол вчеравечер на отворено се одржа филмска проекција која имаше хуманитарен карактер. Публиката во училишниот двор ја проследи премиерата на краткометражниот филм „Ѕвезди”, дело во продукција на членовите на училишната драмска секција. За истакнување е податокот дека младите креативци од драмската секција бележат врвни резултати во последните две години на локално и национално ниво, освојувајќи награди и признанија.
Следуваа и две краткометражни филмски приказни од меѓународниот фестивал „Филмај”, по што присутните имаа можност за дружење и забава.
Донираните средства ќе бидат наменети за тековните потреби на училиштето.
Второто издание на традиционалниот настан е реализирано во соработка со Фото кино клуб „Козјак” – Куманово и „Rural Uma Sto” – невладина организација за промоција на рурален туризам, од Умин Дол/Ново Село, Куманово.