Во големата сала на центарот за култура вечерва ќе се одржи концерт по повод празникот Илинден.
Публиката ќе има можност да проследи игри од македонскиот и албанскиот фолклор кои се подготвувани во текот на изминатава година од фолклорните друштва „Срма“ и „Бајрам Шабани“.
Концертот се одржува четврта година по ред и е финансиран од министерството за култура како дел од Годишната програма на установата. Концертот започнува во 20 часот, а влезот е слободен.