Шеснаесетгодишниот фризер и стилист Јован Додевски од Куманово освои прво место на престижниот Меѓународен натпревар за фризери, кој изминатиот викенд се одржа во Тирана, Албанија.
На натпреварот учествуваа фризери од десетина европски држави и Тунис, а се натпреваруваа во три категории.
Во силна конкуренција, Додевски го освои првото место во категоријата „Freestyle“, а престижното признание му беше доделено со одлука на стручното жири.
„Покрај талентот, за успех во оваа професија потребни се љубов, посветеност, вера, упорност и силна желба постојано да се напредува“, истакнува Додевски.
Младиот Јован на секој клиент му пристапува со максимална сериозност и професионалност во DODE BERBERSTUDIO.