Љубителите на џез музиката изминатите три вечери имаа можност да бидат дел од џез фестивалот посветен на трагично починатиот музички уметник, Филип Стевановски, во организација на Институтот за наука, уметност, култура и спорт ( ИНОКС). Јубилејното фестивалско издание „10 години звук, 10 години емоција” има хуманитарен карактер. Средствата се наменети за семејствата на жртвите од трагедијата во дискотека „Пулс” во Кочани.
Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на РСМ, во областа на музиката и музичко – сценската дејност, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.