На 07 октомври 2025 година (вторник) во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации со почеток во 09:00 часот, ќе се одржи шеесет и третата седница на Советот на Општина Куманово, информираат надлежните.
Дневен ред:
Предлог – Одлука за комунален ред во Општина Куманово;
Предлог – Одлука за определување на собирни места за поставување на садови за собирање и селектирање на отпад на подрачјето на општина Куманово;
Предлог – Одлука за исправка во Одлуката за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за г.п. 1.1 со намена Г1-тешка и загадувачка индустрија, КО Куманово, од Детален урбанистички план за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 82, плански опфат меѓу регионален пат Р2133, граница на УБ, граница на УЕ, ул. „11 Ноември“, к.п. 9941/2, ул. „Индустриска“, ул. „2005“, ул. „2004“ и граница на градежен реон – Општина Куманово, бр. 09 – 1417/21 од 29 јануари 2025 година.