Проектот за реконструкција и адаптација на објектот Кокиче е во завршна фаза, најави директорката Ивана Николиќ.
Во однос на функционирањето на втора смена од септември во градинката „Ангел Шајче“, директорката појаснува дека условот е да се оформи група од најмалку десет дечиња.
„Континуирано работиме на проширување и зголемување на капацитетите, изнаоѓање начин и можност за просторни услови да можеме да опфатиме што поголем број на деца од предучилишна возраст. Имаме нарачано проект кој е во завршна фаза – проект за реконструкција и адаптација на објектот Кокиче, кој се наоѓа вп центарот ана градот, имаме и проект во фаза на изработка за проширување на тој ист објект односно физичка доградба на Кокиче од двеста метри квадратни., а во следна фаза ќе биде опфатен објектот Славејче кој што се наоѓа кај зелениот пазар. Во однос на втората смена, родителите доаѓаа на два состаноци, имаме втора смена на лист хартија со согласност од Советот на општина Куманово за објектот Синоличка за да работи до 22 часот. Но, родителите на децата најчесто имаат потреба само да ги носат во градинка подоцна, а земањето се одвива до 18 часот, значи во првата смена. За да профункционира втората смена, неопходно е да се оформи група од над десет деца присутност , а ние досега не сме постигнале бројка поголема од 8 деца“, изјави Ивана Николиќ директорка на детската градинка „Ангел Шајче“.