До 28-ми април пријавување за маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

До 28-ми април пријавување за маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

Сите заинтересирани за учество на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ имаат можност да се пријават до 28- ми април во Фондацијата за култура и спорт.
Заинтересираните можат да учествуваат со групна или индивидуална маска.
Маскенбалот е во организација на Фондацијата за култура и спорт, а ќе се одржи на 6-ти мај на Градскиот плоштад.

Read More

Рамазан Бајрам, петок – неработен ден за сите граѓани

Рамазан Бајрам, петок – неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.

Read More

Ифтарска вечер – „Рамазан, месец на постигнувања”

Ифтарска вечер – „Рамазан, месец на постигнувања”

Градоначалникот на oпштина Куманово, Максим Димитриевски заедно со претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска и претставници на општинската администрација синоќа присуствуваа на Ифтарска вечер, во организација на Исламскиот младински форум – огранок Куманово, во соработка со општината.
Настанот е во рамки на активностите на месец Рамазан, под мотото „Рамазан, месец на постигнувања”.

Read More

Одржани општински натпревари во машка и женска конкуренција на градскиот стадион

Одржани општински натпревари во машка и женска конкуренција на градскиот стадион

На градскиот стадион Куманово вчера се одржаа општински натпревари во машка и женска конкуренција при што се постигнати следните резултати:
Девојчиња: ООУ „Бајрам Шабани“ – ООУ „Магдалена Антова“  2 : 0,  ООУ „Бајрам Шабани“  –  ООУ„ Кочо Рацин“  2 : 0, ООУ „Магдалена Антова“  – ООУ „Кочо Рацин“  0:1.
Прво место ООУ „Бајрам Шабани“, второ место ООУ „Кочо Рацин“, трето место ООУ „Магдалена Антова “.
Машки:  ООУ „Наим Фрашери“  – ООУ „Кочо Рацин“ 3 : 0,  ООУ „…

Read More

ВИДЕО: Зголемен интересот за МРП вакцината во Куманово

ВИДЕО: Зголемен интересот за МРП вакцината во Куманово

Зголемен е интересот на родителите за вакцинација на децата со вакцината МРП, откако во Свети Николе беше регистриран случај на заболено 13-месечно дете со морбили, информираат надлежните од Детски диспанзер „Тоде Мендол“, Здравствен дом Куманово. Дел од родителите ја одложуваат вакцинацијата чекајќи детето да прозбори и да прооди или воопшто не ги вакцинираат децата. Според податоците, Куманово спаѓа во општините каде што постои низок опфат со МРП вакцината, вели д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од Детски диспанзер…

Read More

Приведени двајца кумановци за кражба

Приведени двајца кумановци за кражба

Секторот за внатрешни работи информира дека вчера изутрина полициски службеници лишиле од слобода  27-годишен кумановец кој се сомничи дека во текот на април 2023 година  од дворни места на приватни имоти одзел повеќе предмети. Исто така, вчера попладне полициските службеници привеле и друг 27-годишен кумановец, кој се сомничи дека во текот на денот од приватен имот на улицата „Народна револуција“ одзел повеќе предмети.  Тој  бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал…

Read More

Литургии во сите цркви по повод Велигден

Литургии во сите цркви по повод Велигден

Централното одбележување на големиот христијански празник Велигден традиционално е во храмот „Св.Никола“, а со литургиите ќе чиноначалствува владиката Григориј. Литургии ќе има и во сите останати цркви во градот и руралните подрачја.
„ Во петок изутрина ќе има царски часови кога се опеваат Христовите страдања. Тогаш ќе биде изнесена и плаштеницата, која го симболизира гробот Христов. И на Велика сабота ќе има литургија, но централниот настан се одбележува ноќта меѓу сабота и недела со почеток во…

Read More

Велигден – петок и понеделник неработни денови

Велигден – петок и понеделник неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 14 април  – петок, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
На 17 април  – понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Read More

Отворена изложбата на планинска фотографија од Бобан Стефановски

Отворена изложбата на планинска фотографија од Бобан Стефановски

Вчеравечер во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово беше отворена изложба на планинска фотографија на Бобан Стефановски – „Планината го има последниот збор“.
Тоа е прва изложба на уметничка планинска фотографија во Куманово. Беа изложени преку 40 фотографии кои Бобан ги има направено во Македонија и низ светот.
Бобан ги има искачено највисоките врвови кај нас во Македонија, и врвовите Дамаванд во Иран, Арарат во Турција, Монблан на Алпите и многу други. Тој е планинар и планинарски…

Read More

Гимназијалци бојадисуваа јајца со членовите на „Порака наша“

Гимназијалци бојадисуваа јајца со членовите на „Порака наша“

Волонтери од Гимназијата „Гоце Делчев“ со професорката по македонски јазик Ангела Петковска го посетија Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.
Гимназијалците претходно со останатите соученици собрале парична донација за корисниците на услугите на центарот, а вчера организираа ликовна работилница и бојадисување велигденски јајца во нивните простории.
– Целта на посетата беше да се споделат убавите чувства и моменти пред големиот христијански празник Велигден, празник на љубов, верба, човечност, кој секогаш потсетува дека сите сме исти…

Read More
1 69 70 71 72 73 408