Новата нуклеарна уцена на Путин

Нема сомнение дека нуклеарните закани на Владимир Путин мора да се сфатат сериозно. Сепак, ако Западот попушти пред оваа сегашна уцена и му дозволи да полага право на територии од Украина, како и да прогласи победа во војната, тогаш сегашниот светски поредок ќе пропадне, а многу други народи во светот со страв ќе гледаат кон иднината.
 
Автор: Дина Капаева
 
Новата нуклеарна уцена на Путин

Read More

Во вторник крводарителска акција во Центарот за култура

Во вторник крводарителска акција во Центарот за култура

Крводарителска акција организира Црвениот крст во Куманово во вторник, по повод празникот 11 Октомври. Акцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 9 до 14 часот.
– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, стои во повикот на Црвен крст Куманово.

Read More

Приведен кумановец, пронајдена прашкаста материја

Приведен кумановец, пронајдена прашкаста материја

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.С.(31 година) од Куманово затоа што при преглед во неговото возило  биле пронајдени и одземени бела прашкаста, бела грутчеста материја, розова грутчеста материја и предмет со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

Митрички: СДСМ и Владата ќе овозможат квалитетно образование на граѓаните

Митрички: СДСМ и Владата ќе овозможат квалитетно образование на граѓаните

-Сведоци бевме на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ  Куманово кои излегоа со прашањето: Кој ќе преземе одговорност за проблемите во образованието ? Во најмала рака е лицемерно што ова прашање го поставува токму онаа партија  која додека беше централна власт, во Куманово не вложи ниту еден денар во образованието, а да не заборавиме дека во нивно време наставникот  беше деградиран и понижен, а на товар на учениците им беше небулозното екстерно тестирање. Проблемите кои произлегуваат од образовниот…

Read More

ВИДЕО: Започна 22-то издание на саемската манифестација „Денови на мед“

ВИДЕО: Започна 22-то издание на саемската манифестација „Денови на мед“

На градскиот плоштад денеска започна 22 -то издание на саемската манифестација  „Денови на мед“ во организација на пчеларското здружение „Пчела“ . Деветнаесет производители од Куманово и регионот пласираа пчелни производи, прополис, полен, матичен млеч, мед во саќе, мед во комбинација со јаткасти плодови и сушено овошје, а граѓаните имаа можност по саемска цена од 600 денари да купат мед.
-16 производители се од Куманово и кумановскиот регион, двајца излагачи од Република Србија со што нашиот саем…

Read More

ВИДЕО: Три децении постоење на хуманитарното здружение „Мајка“

ВИДЕО: Три децении постоење на хуманитарното здружение „Мајка“

Хуманитарното здружение „Мајка“ одбележува 30 години од своето постоење. За три децении тимот на здружението преку реализација на повеќе од сто проекти придонесе за подобрување на положбата и статусот на жените, децата, младите и лицата во ризик. „Мајка“ изминатите години делуваше во областа на хуманитарни активности, превенција, едукација, застапување и градење на локален активизам.
-„Мајка“ во 1992 година се формира како хуманитарно здружение, за делење на хуманитарна помош за луѓе во неволја, но подоцна со промените…

Read More

Петмина новозаболени од Ковид 19

Петмина новозаболени од Ковид 19

Во последните 24 часа регистрирани се 55 нови случаи позитивни на КОВИД-19 на ниво на земјава. Од нив петмина се од Куманово, информира Министерството за здравство.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 447.

Read More

(ВИДЕО) Трипуновски: Итни мерки од Владата, се заканува целосно истребување на свињите

(ВИДЕО) Трипуновски: Итни мерки од Владата, се заканува целосно истребување на свињите

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски од Куманово денеска побара итни мерки за спречување на ширењето на африканската чума кај свињите. Оваа свинска болест е регистрирана во Долно Којнере.
-Изминативе неколку години наназад кога се појави африканската чума во соседна Бугарија апелиравме до Агенцијата за храна и ветеринарство до ресорното министерство, Владата да се преземат сите неопходни мерки за да се заштитиме од оваа сериозна заразна болест која причинува големи…

Read More

Кратовчани нападнале обезбедување на казино

Кратовчани нападнале обезбедување на казино

Утринава во 05 часо на улицата „Доне Божинов“, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ги лишиле од слобода И.Д.(42 години) и А.К.(26 години), двајцата од Кратово, затоа што пред казино физички ги нападнале Н.Д.(28 години) од Куманово, вработен во казино како обезбедување и С.С.(50 години) од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Read More
1 214 215 216 217 218 878