Се отвори канцеларија за проектот„Купи куќа за млади“

Во Куманово од денеска почнува со работа канцеларијата за новиот проект „Купи куќа за млади“. Целта е проектот да се приближи до младите и да може на едно место да добијат информација за условите, учеството, банките и плацевите. Во нив се ангажирани обучени вработени кои ќе ги дадат потребните информации на младите.
-Основен проект е Kупи куќа, купи стан, а овa е нов проект Kупи куќа за млади каде што ќе ги даваме основните информации,  кои…

Read More

Пропаднати шахти и уништени тротоари низ градот

Пропаднати шахти и уништени тротоари веќе подолг временски период им задаваат главоболки на кумановци. Возичите раскажуваат дека поради шахтите кои не се на ниво на асфалтот, најчесто им страдаат амортизерите и останати делови поврзани со предниот дел на автомобилот.
Велат дека тие претставуваат опасност и за безбедноста во сообраќајот, бидејќи постојано се обидуваат да ги избегнат со заобиколување. Додаваат дека најмногу проблеми имаат при дождливо време, кога истите се полни со вода, па не ги забележуваат.
Вакви…

Read More

Колегите се збогуваа од Павлевски

Колегите и соработници од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и Театар Куманово денеска се простија од директорот Роберт Павлевски, кој утринава загина во сообраќајна незгода. На комеморацијата  во центарот со кој раководеше во изминатите осум години, тие се осврнаа на неговата љубов кон театарот и посветеноста во работата.
-Ќе те сочуваме во нашите спомени онаков каков што беше ведaр, позитивен, секогаш во брзање. Го молиме Господ да им даде утеха и сила на неговото семејство да…

Read More

Деца се уште просат по улиците

Деца на возраст до десетина години наместо во училишни клупи, денот го поминуваат просејќи низ кумановските улици. Тие најчесто можат да се забележаат на семафорите на крстосницата во близина на Градскиот кеј, автобуската станица, плоштадот и пред поголемите маркети. Иако најчесто бегаат и не сакаат да зборуваат за уличниот живот, велат дека не се на училиште, затоа што не ги пуштат родителите.  Од Центарот за ромска заедница, ДРОМ велат дека и покрај нивната заложба овие…

Read More

Загина директорот на Центарот за култура

Во тешка сообраќајна незгода што се случи утринава на булеварот Трета МУБ, загина директорот на Центарот за култура, Роберт Павловски.  Според информациите на МВР, сообраќајката се случила еден час по полноќ, откако возилото марка „Субару импеза“, излетало од патот и удрило во бетонски ѕид во близина на поранешен Дом на АРМ. Поради здобиените повреди, Павловски загинал на лице место, а тешко повредени се И. М (26) и И.Б (29), кои се пренесени на скопските клиники,…

Read More

„ Методи и пристап на дислексија“ – трибина на ВМРО ДПМНЕ

Во организација на Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ OK – Куманово синоќа, во малата сала на центарот за култура  се одржа трибина на тема  “Методи и пристап на дислексија”. Според статистиката, 5 до 10 проценти од популацијата во РМ имаат дислексија. За оваа состојба кај децата, но и кај возрасните зборуваше дефектологот Наташа Крстевска.

Read More

Трибина на Форумот на жените на СДСМ во Куманово

„Женскиот активизам и борбата против родовото базирано насилство“ беше насловена трибината  што синоќа ја организираше Форумот на жени на СДСМ. Со оваа активност започна кампањата под мотото  „Сина Панделка – 16 дена женски активизам“. Во преполната сала во Младинскиот културен центар пред присутните се обратија Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ, Марина Алексовска, регионален координатор на Форумот, Атина Мургашанска, општински координатор, модераторот Маринела Тушева, како и Мила Царовска од комисијата за труд и…

Read More

Психичкото насилство – најприсутно во Куманово

Психолошкото насилство е се поприсутно, а се зголемува и економското , за разлика од физичкото насилство велат од хуманитарното здружение „Мајка “ по повод  Меѓународниот ден за борба против  насилството  врз жените.  Според  претседателката Лидија Илијевска , иако психичкото насилство е позастапено, жртвите најчесто не го препознаваат, а  и многу тешко се докажува во судска постапка.  Освен жените, жртви на семејно насилство може да бидат и мажите и децата. Од вкупно 16 евидентирани случаи  во…

Read More

Транзитниот центар на Табановце е празен

Бегалците во транзитниот центар на Табановце ја добиваат сета неопходна помош од  домашните и меѓународните хуманитарни организации и Црвениот крст. Освен храна, облека, ќебиња, медицински третман,  бегалците ќе добијат и затоплување во монтажните објекти и во новопоставениот шатор, а ќе има уште два деновиве. Секој од нив е наменет за околу 200 луѓе.  По пристигнувањето на само еден воз утрово , на Табановце е мирно. Од вкупно 300 економски мигранти кои неколку дена се задржаа…

Read More

Се поставуваат тротоари на улицата „Стево Филиповиќ“

Жителите на улицата „Стево Филиповиќ“ која се наоѓа во населбата Перо Чичо, наскоро ќе добијат тротоари. Нови бекатон плочки ќе се постават и околу влезот на основното училиште Христијан Тодоровски Карпош. Во моментов се работи на ископи, се поставува тампон и рабни ивичници. 
Граѓаните велат дека на овој начин ќе се реши деценискиот проблем со нивната улица. Додаваат дека овој дел не е безбеден за пешаците,  особено за учениците кои немаат каде да се движат.
-Ако не…

Read More
1 773 774 775 776 777 804