Деветоодделенец создаде велосипед-четвороцикл

Деветоодделенецот Дарко Стојановски од основното училиште  „Магдалена Антова“ со своите вешти и вредни раце, од стари делови создаде велосипед-четвороцикл. Возилото е вистински хит меѓу кумановци, кои љубопитно го гледаат, но и фотографираат. Петнаeсетгодишното скромно момче со нескриен талент и креативност, вели дека за изработка на овој велосипед кој работи на педали, му биле потребни два месеци.
-Има стари делови 80 проценти и 20 проценти нови, деловите се од автомобили, моторцикли, велосипеди. Не ми помагаше никој, сам го…

Read More

Доделени дипломи за ученици на генерација

Ученици на генерација од дваесет и едно основно и шест средни училишта од Куманово и Старо Нагоричане добија дипломи и се прогласени за првенци во своите училишта. На свечениот настан присуствуваа менторите и директорите на училиштата, а дипломите и книгите ги додели Здружението на просветните работници и Општина Куманово.
– Минатите четири години беа вистински предизвик за мене и не беше лесно да се постигне овој просек од 5.00. Задоволен сум од себе и се надевам…

Read More

Во сабота групна крштевка во „Свети Никола“

Во сабота во храмот „Свети Никола“ за прв пат од постоење на кумановско-осоговската епархија ќе се одржи групно крштевање. Чинот кој е планирано да започне во 10 часот, е наменет за лица постари од 18 години. Од епархијата соопштија дека веќе се пријавиле 10-ина лица, кои сакаат да ја примат православната вера.
-Лицата кои ќе дојдат да бидат облечени во кратки маички и шорц за да можат да бидат крстени, помазани со елеј, па потоа и…

Read More

Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Совет на СИПР

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Советот на Североисточниот плански регион. Тој по четврти пат едногласно ја доби довербата од своите колеги од Старо Нагоричане, Липково,  Крива Паланка, Ранковце и Кратово.  Бидејќи Куманово партиципира најголем фонд на средства во буџетот на регионот,  околу 65 проценти логично е градоначалниците да дадат предност на најголемата самоуправа во државата, смета Дамјановски. Тој  додава дека иако Советот на СИПР е формиран согласно  Законот за рамномерен…

Read More

Набавени нови душеци во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ набавени се 30 нови душеци со цел подобрување на условите за престојување. Од таму информираат дека душеците ги набавиле со свои средства и објаснуваат дека наредната година ќе продолжат да ги обновуваат преостанатите душеци. Во домот се сместени  150 стари лица од целата земја кои за  услугите плаќаат околу 12 илјади денари. Домот на старите лица освен сместување им нуди храна и здравствена нега.
-Освен новите душеци ние планираме…

Read More

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Пролонгиран е рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско производство и сточарство. Заинтересираните за оваа мерка може да аплицираат до крајот на месецов. Оваа одлука ја донесе Владата за да им излезе во пресрет на земјоделците.
-Рокот е продолжен до 30 –ти јуни. Воедно, сите производители на кравјо и овчо млеко за првите 4 месеци од годинава можат да поднесуваат барања за произведено и продадено млеко во млекарниците до 15-ти јуни, изјави Насер Даути, раководител…

Read More

Миниматурантите од „Кокиче“ добија дипломи

Во дворот на градинката „Кокиче“ денес се одржа забава наменета за  околу шеесетина миниматуранти кои од септември ќе заминат на  училиште. Во присуство на родителите децата се простија од градинката со пригодна манифестација, а воспитувачките  им доделија дипломи и книги. Во состав на манифестацијата се одржа и базарот кој требаше да се одвива на  градскиот плоштад но поради оправдани причини беше одложен. На базарот се продаваа кукли направени од децата и родителите, а паричните средства од…

Read More

Старо Нагоричане ќе се збратими со Општина Свинита

Пријателството помеѓу Општина Старо Нагоричане и Општина Свинита од Романија резултираше со потпишување на меморандум за соработка, а ќе заврши со збратимување на двата града на почетокот на август. Имено градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски на иницијатива на македонскиот амбасадор Панде Лазаровски минатата недела беше во посета на Романија. Тој ја искористил можноста за збратимување со Свинита, а ги посетил Општините Анина и Молдова Нова.
-Ова е едно ново искуство на Општина Старо Нагоричане…

Read More

Стартуваше екстерно тестирање во училиштата

Од денес основните и средните училишта во Куманово стратуваа со екстерното тестирање кое ќе трае до 10 јуни. Тестирање се одвиваше непречено освен во некои училишта каде поради технички проблеми започна подоцна. Во следниве денови наставата ќе тече непречено, а истовремено според предвидените термини ќе се спроведува и тестирањето на учениците. За тестатори се поставени наставници кои на крај од секое  екстерно тестирање ќе треба да достават ивештај за евентуалните технички проблеми и евиденција на…

Read More

Европски денови за борба против меланом

Европските денови за борба против меланом се одбележуваат со бесплатни прегледи на кожата од први до трети јуни во сите дематолошки ординации во градот. „Сите луѓе имаат пигментирани дамки на кожата кои се бенигни но сепак треба да се внимава на нив, бидејќи секоја дамка може да се промени и да стане опасна“ – потенцираат од одделот за кожно-венерични болести при општата болница во Куманово. Од таму посочуваат дека од меланом или малигнен тумор на…

Read More
1 801 802 803 804