Продолжува проблемот со водоснабдувањето во градот. Повторно се без вода високите зони, дел од булеварите Октомвриска Раволуција и 3 МУБ, Пчински пат, населбите „Перо Чичо“ и „Карпош“ и селата Биљановце и Черкезе. Од ЈП „Водовод“ објаснуваат дека по главниот цевковод се доставува 160 литри вода во секунда, додека по алтернативниот вод 40 литри во секунда. Граѓаните се жалат дека имаат слаб притисок или воопшто немаат вода во одреден период од денот што значително им ги…
Read MoreЛокално
Стечајците собираат потписи во селските средини
Повеќе од 3.000 граѓани со потпис ги подржаа стечајните работници во нивните барања. Потписите заедно со предлог-законот ќе бидат доставени во Собранието на РМ. Деновиве се собираат потписи и во руралните подрачја. Новина е што стечајците добиле подршка од своите колеги да предложат измени и дополнувања на досегашниот предлог закон.
– Ние немаме веќе 50 годишници и ќе се зголеми стапката на старост, останува 15 годишен работен стаж , а 52 години за жена, 54 години…
Започна вториот уписен рок во средните училишта
Утринава започна вториот уписен рок во средните училишта за запишување на ученици во прва година. Во сите средни училишта во градот има слободни места за заинтересираните кандидати, а бројот на поените за упис е намален. Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ најмногу апликации има за здравствената струка, додека најмал е интересот за машинската струка.
– Во електротехничката струка има 13 кандидати од утрово, а останаа уште 39 слободни места, во машинската имаме нови 20 кандидати, останаа уште…
Самоубиствата во пораст
27 годишно момче вчера си го одзело животот. Oд засега се уште непознати причини кумановецот посегнал по својот живот ставајќи јаже околу вратот. Се обесил на надворешната страна од петтиот кат на зградата во трговскиот центар Гарнизон, во централното градско подрачје. Случајот го пријавиле случајни минувачи на улицата „Борис Кидрич“ откако виделе дека безживотното тело на младото момче виси на зградата. Полицијата потврди дека вчера изутрина во 05, 45 часот е пријавен немилиот настан. Веднаш…
Read MoreЌе се чистат кумановските речни корита
Деновиве ќе започне акција за чистење на речните корита на Кумановка, Липковка, Којнарка и дел од Крива Река, соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски. Акцијата следи по одлука на општинскиот кризен штаб, навремено да се спречи опасност од можни поплави, а за оваа намена ќе се одвојат осум милиони и осумсто илјади денари.
-Скоро три километри ќе биде регулирано чистење, сечење на грмушки, и отклонување на можни опасности од изливање на реките сливни и Кумановка во речното…
Дезинфекција во образовните институции
Службите од Центарот за јавно здравје при Општа болница Куманово пред стартот на учебната година ќе вршат дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Ќе бидат опфатени училиштата и градинките од сите општини од североисточниот регион. Надлежните посочуваат дека секоја година во овој период и за време на зимскиот распуст вршат дезинфекција на училишните простории, а дејствувааат и вонредно доколу има потреба.
– Таа активност започнува оваа недела пред почетокот на учебната година со тоа што откако училиштата ќе…
Се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“
Екипа на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, во соработка со локалната самоуправа, интензивно ја чисти дивата депонија која што се наоѓа во близина на населбата „Перо Чичо“. Акцијата ќе трае пет дена, а надлежните се надеваат дека граѓаните ќе се освестат и повеќе нема да ја загадуваат животната средина.
-Ова се акции кои наназад 10 години во пет-шест наврати се спроведуваат но резултатите ги гледате самите. Поради негрижа и однесување на граѓанството во некој сегмент гледате…
Нови подови во Здравствениот дом
Во Здравствениот дом Куманово во тек е реновирање на подовите на третиот кат, каде што се сместени канцелариите на административната служба. Директорот Миомир Панковски истакна дека средствата за реновирањето се обезбедени од буџетот на здравствениот дом. Вкупната вредност изнесува 463.000 денари, а изведувач на работите е приватна фирма од Скопје.
-Се изведуваат градежни работи, всушност се работи за менување на подот, кој што е стар преку 40 години, од паркет кој што е дотраен и наместо…
Наскоро едношалтерски систем во ЈП „Водовод“
Во административната зграда на јавното претпријатие „Водовод“ ќе се отвори канцеларија за едношалтерски систем. Директорот Горан Стојковски информираше дека условите за новиот систем, кој што гарантира подигнување на квалитетот на услугите, се обезбедени со помош на швајцарската влада. Тој вели дека граѓаните повеќе нема да мораат да шетаат низ целата зграда, тука од едно место ќе можат да ги добијат сите потребни документи или информирации, кои што се во нивна надлежност.
-Обезбедивме средства во износ од…
Празни нивите во Табановце- мигрантите ги нема
Нивите во кумановско Табановце што летово беа запоседнати од илегалните мигранти денеска се празни. Последниот бран бегалци со воз пристигнал вчера изутрина, но за кратко време го продолжиле патот кон соседна Србија. Само отпадоци од храна, ѓубре и стара облека останаа по нивното заминување, велат мештаните. Дел од нив тврдат дека мигрантите во потрага по храна, а очајни бидејќи останале без пари, почнале и да крадат во локалните продавници.
– Оставија зад нив вистинска депонија, од…