Летен камп за волонтери во Кокино

Клубот на млади при општинската организација на Црвениот крст во Куманово и годинава организира четиридневен летен камп. Оваа година кампот, кој е насловен „Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи“, се одржува во близина на Кокино. На него учествуваат 35 волонтери од општинските организации на Куманово, Крива Паланка и Ниш од Република Србија. Секретарот на Црвениот крст, Иле Митковски истакна дека секогаш со задоволство им даваат поддршка на активностите на младите волонтери.
-Општинската организација секогаш застанува…

Read More

Прослава на Света Петка во Младо Нагоричане

Во село Младо Нагоричане вечерва традиционално ќе се одржи прослава на празникот Света Петка, каде што се наоѓа истоимената црква. Верниците кои што се очекува да дојдат од сите краишта, освен празнична богослужба ќе имаат можност да уживаат и во богата културно уметничка програма.  Оваа прослава веќе неколку години наназад ја организира месната заедница на Младо Наогичане со поддршка на Општина Старо Нагоричане.
-Планирано да се одржи турнир во мал фудбал, на него ќе се натпреварува…

Read More

Асфалтиран крак од булеварот Трета Македонска

После пет децении жителите на делови од  Трета Македонска Ударна Бригада ќе одат по нов асфалт. Распуканите  кракови на булеварот денеска добија нов лик. Се асфалтираат  околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на 6 ипол километарска  патна инфраструктура, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
-Договорот е за 40 дена да биде завршено околу 32-33 илјади квадратни метри. Мојата концепција беше дека во овој период поради лошите временски услови , зимно- летни периоди има големи…

Read More

Уапсени девет лица во акцијата „Ќелија“

Девет лица се уапсени, а по 27 Министерството за внатрешни работи се уште трага, по денешната антитерористичка акција насловена Ќелија, против осомничени структури на исламска држава во Македонија.
Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединици да заминат во паравоените формации надвор од државата. Уапсените се македонски државјани и од различна националност.
Собирањето на доказите започнало во септември минатата година и траело до јули годинава, по наредба на јавното обвинителство. Утринава е извршен претрес во 28…

Read More

Излез од засолниште- опасност за граѓаните

Неoбезбедена дупка длабока петнаесетина метри која претставува опасност за граѓаните, а особено за децата, се наоѓа во непосредна близина на Сума. Доброупатените велат дека станува збор за излез од скривница бидејќи во бетонската дупка има и метална скала по која граѓаните би требало да излезат од засолништето. Без разлика за што конкретно се работи, факт е дека незаштитената дупка може да предизвика фатални последици по здравјето и животот на децата од соседните станбени објекти кои…

Read More

Асфалтирањето на улиците во градот во полн ек

Продолжува проектот за санација на патната инфраструктура во градот. Денеска се асфалтираше улицата  „11 Октомври “ која води од општината кон кумановската болница, а за утре се најавуваат активности на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“. Асфалтирањето на улиците во градот го вршат две фирми, КООП Инженеринг и Катинг од Скопје, а целосната реконструкција  на улиците ќе чини околу 22 милиони денари.  Втората фаза од проектот финансиран од локалната самоуправа започна пред две недели со реконструкција…

Read More

По инцидентот во Лопате, осомничените се уште на слобода

Двете лица што беа  повредени во инцидентот што се случи синоќа во близина на железничкиот премин во кумановското село Лопате утрово се пуштени на домашно лекување, информираат од хируршкото одделение, а по осомничените се уште се трага.  До инцидентот  дошло поради претходна расправија помеѓу две групи младинци од селата Липково и Отља.
 Според полицијата,  вчеравечер околу 20 часот, двајца браќа 33 годишниот Фуркан и три години помладиот Фарук А. со уште едно, за сега непознато лице…

Read More

Во „Порака Наша“ се учи кројачкиот занает

Во тек е обуката за шиење на машина наменета за лицата со интелектуална попреченост  кои го посетуваат дневниот центар „Порака Наша“ во Куманово. Кројачкиот занает го пренесува волонтерот од центарот за ромска заедница „ДРОМ“,  Демир Исмаилов кој три пати неделно ги посетува корисниците. Од стара гардероба тие изработиле  дизајнирани ташни, а во план се да започнат со креирање и шиење на фустани. Целта на работилницата  е зголемување на степенот на  интелектуални вештини,поголема самостојност  и  интеграција…

Read More

Нов лик ќе добијат „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“

Со пари од УСАИД се реновираат училниците во основните училишта „Браќа Миладиновци“ во Соколана и „Бајрам Шабани“. Во тек се градежните активности за замена на прозорците и подовите, а целосно ќе се обноват и училишните тоалети. Санацијата која е дел од проектот „Мултиетничка интеграција во образованието“, се очекува да заврши наредниве денови. Од училиштето се надеваат дека со реновираните училници ќе се подобрат условите за настава на учениците од прво до петто одделение.
-Ова за нас…

Read More

Престрелка во Лопате

Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили.
Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.
Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминала колона возила на специјалци. Просторот го надлетуваат и хелихоптери.

Read More
1 813 814 815 816 817 822