Во пет објекти од вкупно 10 во кои е извршен претрес утринава во липковско ваксинце полицијата отктри 128 илегални мигранти. Акцијата беше спроведена под сомнение дека се криумчарат мигранти во селото. Најголем дел од нив се од Сирија, Ирак и од останатите земји на Блискиот Исток. Според портпаролот на МВР, Иво Котевски сопствениците ги изнајмувале објектите на мигрантите за 1.500 евра месечно, а само за засолнување им се наплаќале од 5 до 10 евра без…
Read MoreЛокално
Совет за етика на медиуми во Куманово
Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството е темата на која претставниците од Советот за етика во медиумите утре во Куманово ќе одржат предавање.Членовите на Комисијата за жалби и на Извршната канцеларија ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика во медиумите и соработката со слични тела во меѓународни рамки.
Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани…
Започна полагањето на државна матура
Првиот испит на државната матура, мајчин јазик и литература денес го полагаа вкупно 1251 матурант од сите средни училишта во Куманово. Македонски јазик полагаа вкупно 546 ученици додека албански јазик полагаа вкупно 705 ученици. Тестирањето започна во 10 часот. Во процесот на реализација на државната матура беа ангажирани наставници во улога на тестатори и набљудувачи претставници од институции надлежни за образованието во земјава. Испитниот материјал беше доставен во училиштата изутрина пред почетокот на тестирањето и…
Read MoreСе реконструира водоводна и канализациона мрежа во „Тоде Мендол“
Во тек е реконструкција на водоводната мрежа и канализацијата на улицата „Перо Илиевски“, во населбата Тоде Мендол, кои што беа уништени при вооружениот судир.
За оваа цел се издвоени околу 2 ипол милиони денари од буџетот на Општина Куманово, како и дел од Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е една од активности кои се преземаат што поскоро да се врати нормалниот живот во оваа населба. Директорот на јавното претпријатие Водовод, кое е задолжено за…
Желбата за авантура-една од причините за сообраќајки
Се поголем број млади лица се жртви или повредени во сообраќајните несреќи што се случуваат на улиците во Куманово. Појавата се зачестува особено во летниот период кога младите речиси се без обврски поради завршувањето на учебната, но и на академската година. Непријатните настани со трагични последици најчесто се плод од комбинација на повеќе фактори, посочуваат експертите.
-Главно е тука младешкиот дух, желбата за авантури, за докажување која особено испливува на површина овој период кога се послободни,…
Ракот на дојка глобална епидемија
Според податоците од Институтот за онкологија и радиотерапија на годишно ниво има околу 830 случаи на ново дијагностицирани заболени од рак на дојка. Куманово не е дел од Националната скрининг програма и покрај тоа што карциномот на дојка претставува глобална епидемија на денешницата. Кумановската болница сеуште работи со мамограф стар повеќе од 30 години кој е технички неисправен. Од здружението за борба против ракот „Борка“ информираат дека се запознаени со случајот и повеќепати апелирале до…
Read MoreСтраотна сообраќајка во Бедиње-тројца мртви
Во тешка сообраќајна несреќа попладнево три лица загинаa, а две се повредени, кога автомобил БМВ со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце.
Според портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда.
Откако паднал на автопатот на колата налетала цистерна, која во обид да го…
Куманово користи стар и неисправен апарат за мамографија
Општата болница во Куманово користи мамограф од 1986 година кој е технички неисправен. Од одделението за ренген дијагностика објаснуваат дека имаат едуциран кадар но поради неисправен мамограф не се во состојба да се вклучат во Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка која започна да се спроведува во 17 градови низ земјава. Министерството за здравство е запознаено со случајот и им било ветено дека во иднина Куманово ќе добие нов апарат. Според лекарите…
Read MoreЗголемен интерес за огревно дрво
Граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричане кои се греат на дрва немаат проблем да ги набават. Од Македонски шуми, подружница Куманово тврдат дека има доволно количество огревно дрво за задоволување на потребите на жителите од трите општини. Шумско стопанство располага со повеќе видови, а најбарана е буката, како и секоја година. Карактеристично за годинава е што кумановци купуваат повеќе дрва од претходните , а тое се должи на високата цена на струјата и на…
Read MoreШлепер се преврте на автопат кај Агино село
19 годишниот Александро П. од Грција е повреден во сообраќајната несреќа што се случи утрово околу 6 часот на автопатот Куманово -Скопје кај Агино село. Грчкиот државјанин, движејќи се кон Куманово , изгубил контрола над товарното возило, излетал од коловозната лента и се превртел на спротивната. 5 часа беше блокиран сообраќајот за тешките товарни возила поради што се создаде километарска колона од автобуси и камиони чекајќи да се ослободи барем едната лента. Патниците кои неколку…
Read More