(ВИДЕО) Асфалтирање на улици, водоводна и канализациона мрежа во Средорек, ветува Салиевски

Средорек го опфаќа еден од најубавите делови на Куманово долж течението на реката Кумановка и е во непосредна близина на центарот на Куманово, со што ги исполнува сите предуслови да стане еден од најразвиените делови од градот, за што ние имаме и конкретни планови за остварување на таа цел кои се состојат од асфалтирање на улицата и изградба на пешачка патека на потег од споменик Костурница до поранешен маркет „Туш“, како и доасфалтирање на останатите улици во Средорек со поставување на водоводна и канализациона мрежа, потполно уредување и санирање на штетите на речното корито на река Кумановка, трајно и системско решавање на проблемот со дивите депонии, а преку проектот „Мој градоначалник“,  новиот градоначалник го доближуваме до граѓаните со што граѓаните во секое време ќе можат да пријават проблеми со кои се соочуваат, рече Самет Салиевски, кандидат за советник во Советот на општината

 

 

Коментари

коментар(и)