Биохемиската лабораторија во Општа болница Куманово се опреми со два апарата од најновата генерациска технологија, од светски реномирани брендови, Beckman Coulter DxC 700 AU и Siemens Dimension EXL 200, информираат надлежните.
Овие современи апарати овозможуваат исклучително точни и брзи анализи, обработка на голем број примероци за рекордно кратко време и меѓународно сертифицирана технологија за квалитет и доверливост.
„Во нашата лабораторија можете да извршите широк спектар на анализи: хематолошки и биохемиски анализи, анализи на урина и електролитен статус, хормонален статус, ензими, витамини, минерали, имунолошки анализи, алергии, коагулација, тумор маркери и многу други анализи според дијагностичките потреби“, објави директорот на кумановската болница Сашо Стошевски.