Вечерва дебата со кандидатите за градоначалници

На телевизија Плус вечерва со почеток во 20 часот ќе се емитува дебата со кандидатите за градоначалници на Куманово.

Во емисијата учествуваат актуелниот и кандидат за иден градончалник на Куманово, од инцијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, кандидатката на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска и кандидатот на Алијанса и Алтернатива, Беким Салиу.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски кој е во изолација, поради ковид 19, беше поканет во емисијата да се вклучи преку онлајн алатките, но го откажа учеството.

Гледајте ТВ Плус во 20 часот.

Коментари

коментар(и)