(ВИДЕО)ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатен приклучок на гасоводна мрежа за граѓаните

„Бесплатен приклучок кон гасоводната мрежа за секое семејство во Куманово, ќе биде една од првите одлуки што како нова локална власт ќе ја донесеме“, рече на денешната прес-конференција Дејан Јовановски, кандидат за советник во Советот на општината на претстојните локални избори од коалицијата за „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јовановски, гасификацијата  на градот е уште еден од ветените капитални проекти на Максим Димитриевски и СДСМ каде што има целосно потфрлување во неговата реализација.

-Приклучување на институциите  во градското подрачје, приклучување на градската  болница Куманово како еден од поголемите загадувачи  во градот,помали сметки за греење во зимските месеци и на крај почист воздух за кумановци, остана запишана само во предизборните програми на СДС. Покрај еуфоричните предизборни ветувања на градоначалникот и неговиот претходник и помпезните приклучувања на неколку јавни установи, останатите ефекти се многу скромни. Со екстремно високите сметки за приклучок на гасоводната мрежа, градоначалникот и СДС  товарот на  финансирање на гасификацијата сакаат да им го стават на грбот на граѓаните, рече Дејан Јовановски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“

„Високите цени за приклучок на гасоводната мрежа дополнително ги обесхрабруваат семејствата да се приклучат на овој еколошки енергенс“, вели Јовановски, дополнувајќи дека граѓаните треба да бидат ослободени од било каков трошок за приклучок.

– Каков бенефит ќе има едно просечно семејство во Куманово, кога ќе треба да потроши повеќе просечни плати  за да добие гас. Дополнително ќе бидат разгледани можностите  за субвенции за вградување  на парните котли висина од 50% од цената на еден котел , за секое домаќинство, кое ќе се реши да се приклучи на гас, рече Јовановски.

Кандидатот за советник Јовановски ги повика граѓаните на локалните избори да дадат шанса на нова визија и нов концепт за управување со градот.

Коментари

коментар(и)