(ВИДЕО)СДСМ: Ќе ја продолжиме спортската традиција на Куманово

Реконструкција на градскиот стадион, довршување на реконструкцијата на спортската сала и Соколана, изградба на осум мултифункционални игралишта се дел од проектите со кои што СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе ја бара поддршката од граѓаните, особено од младите на претстојните локални избори.

„Спортот и младите претставуваат наш врвен интерес во наредниот мандатен период, зашто имаме конкретен план и програма за продолжување на успешната спортска традиција на нашиот град“ , рече денеска на прес-конференција, кандидатот за советник во идниот состав на Советот, Бојан Стојковски.

-Со изградба на 8 мултифункционални игралишта, како и со изградба на 4 затворени спортски игралишта ќе го доближиме спортот до граѓаните и ќе го поттикнеме интересот на младите за спортот и здравиот начин на живот. Со поддршка од централната власт ќе го реконструираме градскиот стадион, при што е предвидено истиот да има 3 трибини со капацитет од 5 000 гледачи, како и завршување на реконструкцијата на спортската сала и Соколана. Наша примарна цел за почеток Куманово да се врати во втората фудбалска лига, а воедно ќе ги зголемиме и средствата за поддршка на колективните и индивидуалните спортови во градот, рече Бојан Стојковски, кандидат за член на Совет на општина Куманово.

Освен авантуристичко – адреналински парк, коалицијата предводена од СДСМ за најмалите најавува и изградба на авангарден детски парк.

Коментари

коментар(и)