Илиевски: Никој да не ги навредува и да не ги влече за уши Ромите

Оливер Илиевски, кандидатот за градоначалник на Куманово на коалицијата предводена од СДСМ, вчера оствари средба со граѓаните од ул. „Анѓа Ранковиќ“, местото Бавчи и населбата Средорек.

„Ромите се нашите соседи, другари. Да ги згрижме во институции, да ги вработиме, да донесуваат одлуки сами за себе. Заедно со Самет, Дејан, Мустафа, идните советници во Советот, заедно до целта за еднаквост на Ромите во општеството“- рече Илиевски.

Тој заедно со кандидатите за советници порача победа на најдоброто за Куманово на 17 -ти октомври.

Коментари

коментар(и)