(ВИДЕО)Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на општина Куманово

Зелениот договор, рехабилитација на патот Куманово – Страцин, дигитализацијата, перспективата на младите и културата  се темите на кои разговарале амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир и градоначалникот Максим Димитриевски на денешната средба во општина Куманово. Димитриевски ја истакна одличната соработка со канцеларијата на ЕУ, како резултат на што до сега реализирани се голем број заеднички проекти, финансиски поддржани од Европската Унија. Приоритетна тема на состанокот била реализацијата на проектот за трајно решение на проблемот со отпадот во кумановско со изградба на современа фабрика за преработка на отпад.

Повеќе во видеото.

 

Коментари

коментар(и)