ВИДЕО: Богата спортска програма за Денот на градот

Продолжуваат спортските настани по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово. Во организација на општинскиот сојуз на спортови како и сојузот на училишен спорт, во салата на средното училиште Перо Наков денеска се одржа и турнир во футсал, насловен Пехар на градоначалникот.  Претходните денови веќе се одржаа турнири во баскет во машка и женска конкуренција, бадминтон.  Утре ќе се одржи улична трка за ученици од основни и средни училишта.

-Покрај овие манифестации за учениците вклучени се и клубовите имаме повеќе различни спортови, се одржа футсал турнир, аикидо семинар, пинг понг, шаховски турнир, куп во риболовство. Оваа година сум презадоволен и од досега организираното а верувам и дека вака се мотивираат и повеќето клубови,  а и ние учиме напредуваме да биде многу поинтересно, да има повеќе манифестации, за самите спортисти и ученици, да го почувствуваат враќањето во натпреварувачкиот дух, и самата возбуда и задоволството од успех некој да се награди, да се добие чест за настап тоа е целта на самите натпревари, дава повеќе задоволство кога е по повод денот на градот- нагласи Филип Колевски, претседател Општински сојуз на спортови.

-Ова е дел од активностите што ги организираше општински сојуз на училишен спорт на Куманово во петок се одржа бадминтон во ОУ Вук Караѓиќ, потоа имавме турнир во баскет за средни училишта што помина безпрекорно, децата беа задоволни и денеска е турнир по повод празникот, во футсал за пехар на градоначалникот. На него учествуваат сите средни училишта, 5 од градот, амбиентот е добар, досега имавме три турнири и сега се натпреваруваат кој да го земе тронот од општинското првенство што се организираше пред две недели-посочи Ивица Ѓорѓиевски, претседател општински сојуз на училишен спорт.

Од двата сојузи нагласуваат дека ваквите турнири се особено значајни, по ограничувањата кои што ги имаше претходната година, поради состојбата со пандемијата од ковид 19.

Коментари

коментар(и)