Во Куманово денеска беше одбележана една година од отворањето на Почесниот конзулат на Република Србија. Функцијата на почесен конзул во земјава ја врши Владимир Стајиќ, кој во своето обраќање пред присутните гости рече дека изминатата година сe водел од искрена желба за продлабочување на соработката меѓу двата пријателски народи, српскиот и македонскиот.