Граѓани на Куманово, особено од приградските населби периодов имаат поплаки поради нередовно собирање на сметот од екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Реагираат дека контејнерите и корпите за отпадоци се празнат на две недели, а во меѓувреме се создаваат диви депонии и се чувствува непријатна миризба во населените места.
Надлежните тврдат дека хигиената во поширокото градско подрачје е на задоволително ниво, а што се однесува до населбите, бараат разбирање од граѓаните заради недоволниот број на функционални возила за собирање и депонирање на сметот.