Цврсто решени дека на Куманово повеќе од потребно му е да го оддржува специфичниот хумор на познатото високо ниво, па дури и да го користи како разладување во летните денови – организаторите на вечерта насловена „На смешка“ – ТВ Плус и здружението „Мулти Арт“ од Куманово, ги обединуваат кумановските сатирично- хумористични брендови на едно место, со цел да ги мотивираат младите таленти за стенд ап настапи по оригинални, досега неизведувани сценарија.
Токму затоа, годинава ги собраа на едно место луѓето кои успешно веќе неколку години неуморно ја засмејуваат публиката од својата саркастична перспектива и на автентичниот кумановски дијалект: шоуто „Нема љутиш“, Кабаре Кабает, ветераните на кумановската шега „Куманиа“, неповторливиот Марко Трајковиќ, Поткастот „Поткастрување“, минатогодишниот победник од „На смешка“ – Теодор Јакимовски, младиот правник со истенчена смисла за хумор – Мартин Ивановски…а, како изненадување на вечерта ќе се појави и еден култен кумановски лик, за кого се зборува дека најубаво кажува вицеви и кого публиката го нема видено одамна.
28 јуни, сабота, НУЦК „Трајко Прокопиев“, почеток 19.30 ч.
Ве очекуваме На смешка.