Во Општина Куманово започната е постапка за поставување фотоволтаични централи на две локации. Од Секторот за урбанизам информираат дека енергетската криза значајно го зголеми интересот за фотоволтаици. Доколку претходните години имало од едно до две барања годишно, сега пристигнуваат во просек толку барања на неделно ниво.