Границата со Грција за сега останува затворена за македонските граѓани

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Македонија.

За нив, владата во Грција ја продолжи забраната до 26 април, јавуваат грчките медиуми.

Засега во земјата ќе можат да патуваат државјани на членките на ЕУ, но и граѓани на Србија, Израел, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и САД.

За нив нема да важи задолжителниот карантин при пристигнувањето.

Србите веќе ќе можат да влезат во Грција преку Бугарија со негативен ПЦР-тест или сертификат за вакцинација.

Грчката Влада најави дека на 14 мај ќе го отвори туризмот за сите, а за патување ќе биде потребен сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)