ВИДЕО: Даниел Стојчевски гостин во „СТАВ“

Директорот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски гостува во емисијата „СТАВ“. Човекот кој важи за прв соработник на градоначалникот Максим Димитриевски на ТВ Плус ќе зборува за актуелната состојба во претпријатието, но и за обвинувањата за неисплатени плати на вработените, корекција на исплатни листи.

Тој ќе се осврне и на формирањето на политичкиот субјект Движење ЗНАМ-За наша Македонија, но и за идните планови, настапи на изборите. Ќе се најде ли Стојчевски на пратеничка листа, или пак како прв човек на градоначалникот ќе управува со локалната самоуправа, ќе слушнеме утре на ТВ Плус со почеток во 20 часот.

Гледајте „СТАВ“!

Новинар: Елена Георгиевска

Коментари

коментар(и)