Димитриeвски: Ги победивме сите политички субјекти

Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ успеа да ги победи сите политички субјекти. Ќе продолжиме  да ја бараме поддршката на кумановци за вториот круг. Градот ќе биде модерен и успешен, најави кандидатот Максим Димитриевски заедно со носителката на советничката листа, Ивана Ѓорѓиевска.

-Сакам да се заблагодарам во мое лично име како кандидат за градоначалник и во име на кандидатската листа за советници подржана од граѓанската иницијатива За наше Куманово, за големата поддршка која ја добивме и да упатам порака и до тие што не подржаа но и до тие што не успеавме во првиот изборен круг да ја добиеме нивната поддршка, дека ќе направиме се да се здобиеме со вашата доверба. Граѓанскиот концепт За наше Куманово, се покажа како вистински, граѓански, успешен концепт и Куманово тоа го препозна. Ние продолжуваме во нови борби За наше Куманово со цел да го направиме Куманово поубаво место за живеење. Ова беше борба на Давид и Голијат, борба во која граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и партии но успеа и да отпочне со демонтажа на еден веќе монтиран систем, кој прави група злупотреба на системот во партиско политички цели. Кумановци и ние тоа го игнориравме и заедно успеавме. Во следните 14 дена ќе продолжиме заедно, ќе тропнеме на секоја врата и повторно ќе ја побараме вашата поддршка, да продолжиме заедно да го водиме Куманово како еден модерен, организиран и успешен град-нагласи Димитриевски.

-Во име на кандидатската листа за советници За наше Куманово голема благодарност за сите што се одважија и гласаа за овој граѓански концепт, кој е од граѓаните и за граѓаните. Ви благодарам на сите што се осмиливте да гласате за еден ваков граѓански концепт во една голема политичка битка во која граѓанскиот концепт се соочи со две големи политички партии. Продолжуваме со ист интензитет, заедно сите сплотено, 33 советници во битката на втор круг на градоначалникот, како што беше и во првиот круг-истакна Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

 

Коментари

коментар(и)