Димитровска: За мене беше исклучително искуство, нека победи најдобриот

Нека победи најдобриот кандидат, нека одлучат граѓаните кој треба да ги води. За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, а нашите идеи и предлози ќе ги доставиме до идниот градоначалник и ќе се залагаме да бидат прифатени и реализирани, истакна кандидатката за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ,  Теодора Димитровска, која не влезе во вториот круг.

-Чувствував потреба да им се заблагодарам на сите граѓани коишто ни дадоа поддршка, на оние коишто гласаа за нас но и на оние што не гласаа за нас. Мислам дека граѓаните секогаш го прават вистинскиот избор и нивните гласови треба да мерат кој е подобар. Посакувам на двајцата кандидати кои останаа во трката среќа во претстојниот период и мислам дека граѓаните најдобро ќе проценат кој ќе биде нивниот нов градоначалник. На двајцата им порачувам да се придржуваат до кодексот кој што го имаме и да имаме до крај фер и демократски изборен процес во кој ќе победи најдобриот. За мене ова беше исклучително искуство и јас мислам дека и таа поддршка која што ја добивме за мене е огромна чест и благодарност да се појавам пред сите како најмлада, но и некој кој влегува во овој свет, така што благодарна сум на моите гласачи и верувам во сите граѓани дека заедно ќе го избереме она што ќе биде подобро за нас во наредните четири години и се гледаме во некои нови битки. Кој и да биде градоначалник ние нашите идеи и предлози ќе ги доставиме до него и гласно ќе се залагаме некои да бидат барам прифатени и реализирани-истакна таа.

 

Коментари

коментар(и)