Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември лани.
АМСМ соопштува дека е се уште непрооден регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце, блокиран од 10 месецов поради снежна покривка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.