Зачестени пожари и во Старо Нагоричане

Последнава недела зачестија пожарите на отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот.  Екипите од Старо Нагоричане интервенирале на уште еден пожар во село Стрезовце каде горело суви гранки, дрвја, сува трева. Последнава недела во оваа општина регистрирани се шест пожари во повеќе села и маали во оваа рурална општина.

Коментари

коментар(и)