(ВИДЕО) „За наше Куманово“: Детски катчиња, градинки, реконструкција на училишта

„Куманово е град кој води вистинска грижа за децата, учениците и младите, рече денеска на прес конференција Мила Жибак, кандидат за член на Советот на Општина Куманово од редовите на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, при што презентираше низа проекти предвидени во програмата за претстојните избори.

–Како советник во идниот мандат во Советот на Општина Куманово, ќе реализираме проекти кои се важни за нив, како дел од приоритетните проекти ги предлагаме: изградба на детски катчиња во секоја урбана и месна заедница, како и изградба на три детски граиднки во населбите Зелен Рид, урбаната заедница Бајрам Шабани и Карпош. Подобрување на објектите на постојните детски градинки преку нивна реконструкција и вложување во стручното усовршување на кандарот во градинките. Ќе ги подобриме условите во училиштата преку реконструкција на објектите на сите општински училишта, проширување на нови капацитети и изградба на ново средно училиште, рече таа.

 

Коментари

коментар(и)