Здружението „Коледари“ го одбележа Бадник

Здружението на граѓани „Коледари“ денеска по 21. пат традиционално на градскиот плоштад организираше прослава на Бадник, со која се најавува Христовото раѓање.  Бројни граѓани излегоа заеднички со зурли, тапани, погача, овошје, чај и греена ракија да го одбележат овој ден. Најпрвин се одржа литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ од каде со музика пристигнаа пред Центарот за култура, каде продолжи одбележувањето на празникот.

-Како и секоја година и оваа сме задоволни бидејќи има посетеност и од младите, како што и сакавме оваа традиција да ја продолжиме овде во Куманово ние од млади коледари веќе сме едно тело како коледари сите, и затоа слободно можам да кажам дека сме задоволни бидејќи сите дојдоа. Оваа година кумови се  Мото клуб Мечки, млада екипа која сака да ја продолжи оваа традиција и да ги поддржи коледарите кои ја продолжуваат традицијата во Куманово-истакнаа од здружението за зачувување на традицијата.

 Годинава кумови на Бадник се членовите на мото-клубот „Мечки“

-Ние сме дел од сите убави традиции и случувања во овој град, големо задоволство и чест ни е што коледарите не поканија токму ние да бидиме кумови на оваа манифестација, да се придружиме на традицијата, дружбата и се она што значи случување во Куманово. Семејно дома го чествуваме празникот како што налага православието и сите православни чествувања и традиции. Ова си е посебна дружба што ја одбележуваме на свој начин-истакнаа од мото клуб Мечки.

На прославата традиционално беа поделени и бадниковите гранчиња, кои минатата недела здружението ги набра во месноста Забел.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)