Крводарителска акција во четврток во Клубот на ветерани

Црвен крст Куманово во соработка со Службата за Трансфузиона медицина организира граѓанска крводарителска акција, која ќе се одржи во четврток во просториите на Клубот на воени ветерани, Хотел Солун од 09 до 15 часот.

„Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за здравство. Ве известуваме дека залихите на крв се повторно намалени, затоа ве замолуваме да одговорите на крводарителските акции и да помогнете да се спаси нечиј живот-се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)