Кумановец синоќа го загубил животот откако со своето возило удрил во автобус.
Според Секторот за внатрешни работи, на први февруари годинава околу 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во селото Доброшане, 50-годишен кумановец Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие. Кумановецот бил пренесен во болница со тешки телесни повреди, но набргу починал, соопштија надлежните.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција.
На терен интервенирала и екипа од Територијална противпожарна единица Куманово.