Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на општината Максим Димитриевски е во работна посета на Нови Сад по повод одбележување Ден на градот.
При посетата на збратимениот град Нови Сад, Димитриевски оствари средба со градоначалникот Милан Ѓуриќ, при што изразија надеж за продолжување и продлабочување на меѓусебната соработка.
Димитриевси, го посети и седиштето на македонското здружение „Кирил и Методиј“ кое активно работи на негување на македонската култура и традиција во Србија, организирајќи „Денови на македонска култура“ и многу други проекти веќе 16 години во Нови Сад.